Поранешниот сопственик на Милан ставен на црна листа во Кина

Поранешниот сопственик на Милан, Јонгхонг Ли од денеска не смее да ја напушти Кина, откако Судот во една провинција го стави на „црна листа“ поради неплатени милионски долгови. 

Кинескиот бизнисмен не смее да ја напушти земјата, бидејќи измамил инвеститори и не платил вкупни долгови од 10,5 милиони долари. Бидејќи на негово име нема никаков имот за заплена, ниту пак некаква банкарска гаранција, кинеските власти го ставиле на црната листа. Против Ли најверојатно ќе бидат започнати и процеси од обвинителството за финансиски криминал, што значи дека лесно може да заврши зад решетки.

Ли во 2017 година го откупи Милан од Силвио Берлускони со пари позајмени од „Фондот Елиот“. Откако Кинезот не исплати ниту една рата од долгот кон американскиот финансиски фонд, „Елиот“ го презема калчолигашот. Под кинеско водство, клубот годинава пријави загуба од неверојатни 126 милиони евра.