Поранешен агент на Икарди: Ова не е ништо, допрва доаѓа лошото!

Мауро Икарди вчера се соочи со многу лоши вести, откако ја загуби капитенската лента, а потоа одби да патува со тимот на гостување кај Рапид Виена во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Поранешниот агент на Икарди, Абиан Морено во интервју за италијанските медиуми кажа дека најлошото допрва доаѓа за аргентинскиот напаѓач.

„Икарди го смени начинот на размислување, тој гледа различно на работите и логично е ова што се случи. Знаев дека ќе се случи ова, а исто така мислам дека најлошото допрва доаѓа“, вели Морено.

Икарди денеска прв се појавил на тренинг и покрај проблемите со„нераѕурите“, па не сакал да земе слободни денови додека неговите соиграчи се во Виена.