Политано е најновото засилување за Наполи

Матео Политано откако пропадна неговиот трансфер во редовите на Рома, сепак конечно успеа да си замине од Интер. 

Крилниот фудбалер од денеска ќе биде нов играч на Наполи. Политано ќе игра во Неапол како позајмен играч до крајот на сезоната, а на лето „наполитанците“ мораат да го откупат за 21 милион евра.

Денеска Политано ќе ги има потребните медицински прегледи по што и официјално ќе потпише за италијанскиот вицепрвак. Тој ќе биде третото зимско засилување за тренерот Џенаро Гатузо по Станислав Лоботка и Диего Деме.