Покетино се поблизу до Њукасл: Подготвен сум за нов ангажман

Откако се појави информација дека саудискиот милијардер Мохамад Бин Салман го презима Њукасл, се почести се шпекулациите за новите имиња кои треба да пристигнат во „Сент Џејмс Парк“.

Овој пат поранешниот тренер на Тотнем, Маурисио Покетино, индиректно потврди дека е заинтересиран за амбициозен проект на „страчките“.

На Островот тврдат дека Мохамад Бин Салман сака да го направи Њукасл еден од најсилните клубови во лигата, а во врска со ова, потрагата по нови засилувања е во тек.

Кои клубови ја сочинуваат големата шестка? Тоа постојано се менува. Тотнем не беше меѓу првите шест. Сега го нема ниту Арсенал. Мора да ги почитувате сите клубови. Сите се обидуваат, сите инвестираат и сите имаат амбиции да бидат на врвот. Никој не треба да се потценува. Што се однесува до мојот следен ангажман, ја сакам Англија, сакам да продолжам да живеам во Лондон, но јас сум отворен и за други опции. Ќе видиме што ќе се случи. Јас сум подготвен, во најголем дел, исто како и целиот мој стручен штаб. Научивме многу за време на работењето во Еспањол, Саутемптон и Тотнем, па можеме да понудиме многу нешта, истакна Покетино, не криејќи дека сака да  остане во Англија.

Се шпекулира дека Њукасл му нуди на Покетино петгодишен договор за сума од 19 милиони евра.