Погба со мистериозна објава на Инстаграм најави трансфер!? (ФОТО)

Пол Погба во март треба да се врати на терените по суспензијата поради допинг, а Французинот синоќа објави мистериозна објава.

Францускиот фудбалер нема намера да се пензионира, иако одамна не игра фудбал, а многумина веруваат дека зад последната објава на Погба се крие трансфер, односно наскоро ќе го објави името на својот нов клуб.

Првичната казна за Погба беше четири години, но се жалеше и успеа да ја намали казната на само 18 месеци.