Погба сѐ договорил со Сити и во последен час од страв го откажал трансферот

Француската ѕвезда Пол Погба, кој после шест години како слободен играч ќе си замине од Манчестер јунајтед имал сѐ договорено за да се пресели во градскиот ривал Манчестер сити после завршување на сезонава, но во последен час од страв го откажал трансферот, објави „Тајмс“.

Погба се поврзуваше со Сити, како засилување за средниот ред и според угледниот англиски весник, Французинот сѐ договорил со Сити, па се чекало само официјално да заврши сезоната, а и неговиот договор за официјално да биде објавен трансферот. Но, Погба се откажал од опцијата од страв од реакцијата на навивачите на Јунајтед.

Тој го откажал трансферот сметајќи дека неговиот живот во Манчестер ќе стане пеколен и неиздржлив, па „велепредавството“ го откажал и сега според сите најави најблизу е да се врати во Јувентус, од каде замина на „Олд Трафорд“ во 2016 година за тогашен светски рекорден трансфер од 105 милиони евра.