Почнаа казните во Наполи: Соиграч на Елмас мора да плати 200.000 евра

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис си остана на зборот дека сериозно ќе ги казни фудбалерите поради бунтот. 

Италијанските медиуми го открија името на првиот што официјално ќе биде казнет, а тоа е Алан. Бразилецот ќе мора да плати казна од неверојатни 200.000 евра, поради тоа што бил еден од иницијаторите на бунтот, а имал и вербална караница со синот на претседателот Де Лаурентис.

„Ил Кориере“ пишува, дека казните во клубот се движат од 225.000 до 22.000 евра, а фудбалерите вкупно во клупската каса ќе треба да платат 2,5 милиони евра. 

Хаосот во Наполи настана откако Аурелио де Лаурентис нареди еднонеделен карантин по серијата слаби резултати. Фудбалерите требаше цела недела да минат во тренинг-кампот, но тие ја прекршија наредбата на првиот човек по ремито со Салцбург во Лигата на шампионите.

По натпреварот наместо да заминат во тренинг-центарот, фудбалерите си отидоа дома и го налутија Де Лаурентис.