По две години надвор од Англија, Хендерсон ѝ се врати на Премиер лигата!

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон во новата сезона ќе настапува за Брентфорд.

Хендерсон по 12 години минати во Ливерпул, во 2023 година го напушти Енфилд и се пресели во Ал-Етифак каде мина една сезона по што направи трансфер во Ајакс.

И во холандскиот тим се задржа една сезона по која реши да се врати таму каде што му е најубаво, во Англија.

Веќе е постигнат договор со Брентфорд, Хендерсон потишува на две години. Трансферот наскоро ќе биде и официјално објавен.

Хендерсон во Брентфорд доаѓа како замена за Кристијан Норгард кој направи трансфер во Арсенал.