Петр Чех се враќа на голот, но во нов спорт! (ФОТО)

Петр Чех минатата сезона ја заврши својата фудбалска кариера во дресот на Арсенал и се нафати на позција во Челси како технички советник, каде мина најголем дел од фудбалските години.  

Од Англија доаѓаат нови вести дека Чех ќе ја продолжи голманската кариера, но не во фудбалот, туку во хокеј. Чехот ќе брани за тимот на Гилфорд Феникс до крајот на сезоната. 

„Пресреќен сум што ја имам оваа шанса да играм со Феникс и да соберам искуство. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари целите и да се обидеме да добиеме што е можно повеќе натпревари кога ќе добијам шанса да играм. По 20 години како професионален фудбалски голман ова ќе биде едно прекрасно ново искуство да ја играм играта што ја гледав и ја обожував како дете“, изјави Чех.