„Перез го сака Мурињо, но тоа ќе предизвика бунт во соблекувалната“

Шпанските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо наскоро ќе се врати на тренерската клупа на Реал Мадрид, откако претседателот Флорентино Перез не бил задоволен од Зинедин Зидан.

Сепак, новинар на „Мундо Депортиво“ смета дека такво сценарио би можело да предизвика „граѓанска војна“ во соблекувалната на „кралевите“.

„Перез сака да го ангажира Мурињо, но тоа ќе направи војна во соблекувалната, а Серхио Рамос ќе го предводи бунтот, па поради тоа постојат и подобри решенија. Мислам дека Масимилијано Алегри е идеалното решение за Реал Мадрид“, смета новинарот на „Мундо Депортиво“.