Перез го гледа наследникот на Роналдо во фудбалер на Атлетико Мадрид

Реал Мадрид идното лето ќе ја купи најголемата ѕвезда на градскиот ривал Атлетико Мадрид и тоа откако ќе ја плати откупната клаузула од 100 милиони евра.

Антоан Гризман ќе биде прва трансфер-цел на „кралевите“ идното лето. Актуелниот европски и шпански првак не планира да води долги преговори со „атлети“ па затоа претседателот Флорентино Перез ќе ја плати откупната клаузула во неговиот договор, што изнесува 100 милиони евра.

Во тој случај последниот збор дали трансферот ќе се реализира ќе го има Французинот, бидејќи Атлетико Мадрид нема да може да ја одбие понудата поради откупната клаузула. Реал Мадрид во Гризман гледа идеален наследник на Кристијано Роналдо, кој веќе има 32 години.

Одличниот напаѓач на Атлетико изминатово лето беше многу близу до преминување во редовите на Манчестер јунајтед, но одлучи да го продолжи престојот во Мадрид поради фактот што тимот имаше забрана за трансфери и немаше да може да ангажира негова соодветна замена. Гризман не сакаше да го освати Атлетико на цедило па затоа реши да остане барем уште една сезона.