Пеп откри што разговарал со Зидан по мечот на „Итихад“

Манчестер сити се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампиони откако во реваншот пред празни трибини на „Итихад“ го совлада Реал Мадрид со 2-1.

По мечот камерите ги забележаа тренерите на двата клубови, Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола, кои останаа сами на „Итихад“ и долго време се шпекулираше за тоа што зборуваше, а Пеп конечно откри за што зборувале.

„Му честитав за освојување на Ла Лига. Секогаш зборував дека првенството е најтешко да се освои затоа што покажува дека фудбалерите се подготвени 11 месеци. Разговаравме за нашите семејства и му посакав среќа. Тој беше еден од моите идоли кога настапував. Тој е човек кој може на сите да им послужи како пример. Ми се допаѓа тоа како ја претставува нашата професија“, вели Гвардиола.