Пеколот на Азар во Мадрид: Белгиецот заработи осум повреди откако потпиша за Реал!

Белгискиот фудбалер Еден Азар сите го паметат по одличните настапи за екипата на Челси, поради што реши и Реал Мадрид да го купи, но откако тој се пресели во Шпанија, животот му се претвори во пекол

Минатата сезона речиси цела ја пропушти поради повреди, а ниту во оваа не му оди најдобро, зашто го напушти натпреварот против Алавес по половина час игра, и тоа повторно поради повреда.

Сезоната почна така што Белгиецот се повреди еден ден пред првиот меч, па речиси цел месец одмараше, па се врати на теренот за мечот против Борусија Менхенгладбах.

Азар одигра три меча, односно 143 минути на теренот, пред да се потврди на 7 ноември дека е заразен со коронавирус.

Повторно следеше пауза за Белгиецот, а тој се врати на теренот против Вилјареал, но седум дена подоцна повторно мораше да го заврши порано мечот од предвиденото.

Првата повреда по доаѓањето во Реал ја заработи во август минатата година, па според некои пресметки пропушти 36 натпревари за „кралевите“.