Патрис Евра му го даде најлудиот совет на Кристијано Роналдо

Како одминуваат деновите, така најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо е чекор поблизу до Јувентус, па сега само прашање на ден е кога, португалската суперѕвезда ќе се појави во Торино и официјално ќе го потпише договорот со Јувентус.

Торино веќе е во еуфорија по најавите дека Роналдо доаѓа за 100 милиони евра вреден трансфер, за кој веќе се согласил првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и додека се чека на официјалната бомбастична вест, Патрис Евра, бившиот фрацуски репрезентативец и соиграч на Роналдо од Манчестер јунајтед не чекаше за да му го даде најлудиот совет на Португалецот.

Се разбира, советот е дека нема да згреши што ќе потпише за Јувентус. Евра мина еден период во таборот на „старата дама“ и по тоа искуство објави дека засекогаш ќе биде навивач на овој клуб.

„Времето во Јувентус беше фантастично. Јуве е сјаен клуб, луѓето се предобри и тоа ми е едно од најдобрите искуства и одлуки во животот. Продолжив да победувам, а научив само една работа – нема одмор. Сега, Кристијано ако сака да игра до 2050 година и постогано да победува, да биде на врвот – мора да оди во Јувентус. Ќе го засака, ама мора да знае дека ќе мора да работи навистина жестоко. Таму никогаш не ти даваат да одмориш. Но, не постои клуб како Јувентус, никаде како таму не ти посакуваат само најдобро“, му порачал Евра на својот бивш клупски соиграч.