Парма ја шокираше Рома на „Енио Тардини“ (ВИДЕО)

Парма успеа да ја прекине низата на Рома од три победи по ред, откако денеска на домашен терен ги шокираше Римјаните со 2-0.

Рома дојде по целиот плен на „Енио Тардини“, но домаќините изненадија со нивниот настап, а првиот погодок го постигнаа во 68. минута преку Матија Спрокати.

Римјаните се мачеа за да стигнат барем до бод, но сè беше залудно затоа што Андреас Корнелиус во 93. минута ги постави конечните 2-0.