Паоло Скарони: Милан повторно ќе оживее

Екипата на Милан во последните неколку години не личи на себе, а најдобар доказ за тоа се лошите резултати кои ги бележи во Серија А.

Претседателот на клубот од Милано, Паоло Скарони, ја смета утописка можноста клубот брзо да се врати на својата стара слава со оглед на кризата на „росонерите“ во последните години.

Се надевав дека Купот на Италија ќе се игра во август за подобар рестарт. Два натпревари полни со адреналин веднаш по паузата се многу стресни за играчите. Компромисот конечно беше постигнат на 12 јуни и јас останувам оптимист. Во лигата сите едногласно гласавме за обновување на сезоната. Ние сме подготвени да играме што е можно поскоро. Засега, имаме доверба во Стефано Пиоли. Не знам дали ќе пристигне германскиот тренер (Ралф Рангник). Иван Газидис ги носи решенијата. Јас дури и не знам кога тој разговара со други кандидати. Имаме верба во Пиоли и Паоло Малдини. Останувам фокусиран на планот „А“ за првенството, па се надевам дека нема потреба од план „Б“ или план „Ц“. Ние повторно ќе оживееме. Фокусиран сум на враќање и завршување на шампионатот на теренот. Сигурен сум дека ќе се ослободиме од коронавирусот релативно брзо, вели Скарони.

Во однос на клубот, шефот вели дека направиле неверојатен напор да ги намалиме трошоците и дека токму директорот Газидис се фокусирал на тоа.

Иднината се состои од млади играчи по разумни цени. Не сакаме повеќе санкции на УЕФА. Финансискиот фер-плеј го спречува лудилото. Така можеме да видиме помалку луд свет. Милан сака да ги задржи трошоците на ниско ниво и да ги зголеми приходите. Клубот излегува од долг период на криза. Се чини дека е утопично да се мисли дека преродбата може да се постигне брзо, смета претседaтлот на „црвено-црните“.