Пандев пак стартер, Џенова со пресврт го урна Калјари (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Горан Пандев одигра еден час за Џенова во триумфот од 3-2 против Калјари во третото коло од Серија А.

Жоао Педро постигна гол за домаќините во 16. минута за водство од 1-0, по што Калјари зголеми на 2-0 во 56. минута.

Џенова потоа ги искористи грешките на противникот и преку Дестро и двапати Фарес ги постави конечните 3-2.

Екипата на Пандев ја запиша првата победа во Серија А и има три бода, додека Калјари има само еден бод по три одиграни дуели.

На останатите натпревари Торино ја совлада Салернитана со 4-0, додека Удинезе беше подобар од Специја со 1-0.