Палмер: Ме зачудија зборовите на Пеп и решив да заминам од Сити!

Во изјава за „Дејли Мејл“ Скот Паркер открива детали за трансферот од Манчестер Сити во Челси изминатото лето.

Иако беше одличен за време на летните подготовки со Манчестер Сити, „граѓаните“ со голема леснотија го продадоа на Челси каде е убедливо најдобриот фудбалер оваа сезона.

Палмер открива дека не сакал да си замине од Манчестер Сити, но по една дискусија со Пеп Гвардиола решил дека за него подобро е да си оди.

„Првично не сакав да заминам. Им реков дека сакам да одам на позајмица и да играм било каде една година бидејќи бев подготвен за првотимски фудбал, а во Сити не можев да имам минутажа. Но, Пеп рече „или ќе останеш или ќе бидеш продаден“, па едноставно бев продаден“, открива Палмер.

„Прво се зачудив, бев малку збунет, не сфаќав зошто не сакаат да ме пуштат на позајмица да одиграм една сезона. Но, потоа им реков дека сакам да одам во Челси и сега сум среќен што тоа се случи“.