Падна договор: Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Луис Суарез е нов напаѓач на Атлетико Мадрид, каде доаѓа како замена за Алваро Мората, кој пак потпиша за Јувентус. 

Барселона нема да добие никакво обештетување за Уругваецот, кој не беше во плановите на новиот тренер Роналд Куман, туку ќе добие само бонуси, кои ќе зависат од успесите на Атлетико во Лигата на шампиони.

За секој пласман на „атлети“ во четвртфиналето од Лигата на шампиони додека Суарез игра за клубот, мадриѓани ќе мораат на Барселона да и плаќаат по 2 милиони евра.

Голгетерот потпишал договор на две години со Атлетико, според кој ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона. 

Суарез е трет фудбалер што Барселона го продава речиси без никакво обештетување по Артуро Видал и Иван Ракитиќ. Од овие двајца фудбалери кои заминаа во Интер и Севилја, Каталонците ќе инкасираат вкупно 2,3 милиони евра.