Отказот на Мурињо носи добри вести за Јунајтед - се зголеми вредноста на клубот!

По отказот на Жозе Мурињо следуваат нови добри вести за Манчестер јунајтед, откако нивните акции на берзата во Њујорк пораснале за шест проценти.

„Ѓаволите“ сезонава имаа очајни резултати, како и најлошиот старт во последните 28 години, а катастрофалните резултати во период од август до денес донесоа загуба на клубот од речиси една третина.

Пред четири месеци, на берзата во Њујорк, акциите на Јунајтед беа продавани за 27,20 долари, а клубот тогаш беше проценет на 3,1 милијарда долари. Сепак, на први октомври акциите доживеаа пад од 22%, па се продаваа за само 21,12 долари.

Сепак, по отказот на Мурињо, акциите ја зголемија цената, па за неколку часа акциите пораснаа за шест проценти и вредноста на клубот се зголеми за околу 120 милиони долари.