Откако двајца тренери го одбија, Тотнем сега го одби Гатузо

Приказната за нов менаџер на клупата на Тотнем речиси и да звучи неверојатна, бидејќи ова лето двајца тренери веќе го одбија клубот по почетните преговори. 

Прво Антонио Конте имаше резервации околу трансфер-плановите на Спарс па му рече, „не“ на премиерлигашот, а истото го направи и Пауло Фонсека, кој пак го одби клубот поради парите. 

Вчера откако Џенаро Гатузо го раскина договорот со Фиорентина, неговиот агент Жорге Мендеш го понудил во Тотнем. Клубот од Лондон конечно дојде во позиција тој да одбие еден тренер.

Интересно е тоа што кога беше отпуштен Жозе Мурињо во мај годинава, Тотнем зборуваше со Џулијан Нагелсман и Масимилијано Алегри. И овие двајца менаџер го одбија клубот, бидејќи потпишаа за Баерн, односно Јувентус. 

Очигледно е дека ниту еден елитен тренер не сака да седне на клупата на Спарс.