Официјално: Реал Мадрид го потпиша Менди! (ФОТО)

Реал Мадрид продолжува со засилувањата. По Еден Азар и Лука Јовиќ, ново засилување на „кралевите“ е фудбалерот на Олимпик Лион, Ферланд Менди. Клубот од Мадрид се договорил со францускиот клуб и со играчот, а деталите од договорот се уште не се познати, само се знае дека потпишал договор до 30 јуни 2025 година. Менди на „Сантијаго Бернабе“ ќе биде преставен следната недела.