Официјално: Реал Мадрид го ангажираше првото засилување! (ФОТО)

Реал Мадрид во овие моменти потврди дека клубот се договорил со Порто за ангажирање на младиот дефанзивец Едер Милитао.

Трансферот ќе изнесува неверојатни 50 милиони евра, а фудбалерот со „кралевите“ потпиша договор на шест години.

Станува збор за фудбалер кој во Порто пристигна минатото лето од Сао Паоло за шест милиони евра, а може да игра на неколку позиции во одбраната.

За него интерес претходно покажуваше и Манчестер јунајтед, но Реал беше побрз и го договори дефанзивецот.