Официјално: Фиорентина го ангажираше Рибери (ФОТО)

Како што беше најавено, 36-годишниот Франк Рибери денеска потпиша договор со италијанска Фиорентина, кадешто ќе остане во следните две години и ќе добива по четири милиони евра по сезона.

Рибери по 12 години во редовите на Баерн, си замина од Минхен како слободен фудбалер, а доби голем број понуди, но реши да се пресели во Италија.

Фиорентина со големи амбиции влегува во новата сезона, Роко Комисо го презема клубот, па веќе ангажираа неколку фудбалери, кои треба да им помогнат да го однесат клубот некое скалило погоре.