Официјално: Бесир Гуџуфи го потпиша професионалниот договор со Бешикташ

Големиот македонски талент Бесир Гуџуфи, поранешното вардарово дете денеска и официјално го потпиша професионалниот договор со турскиот великан и поранешен првак Бешикташ.

Гуџуфи во Бешикташ замина од струмичка Беласица после само шест месеци во струмичкиот тим, но турскиот гиггант чекаше младиот офанзивец да стане полнолетен и да наполни 18 години за да му даде професионален договор и тоа што летово се најавуваше, сега само се официјализираше со потписот на договорот.

Гуџуфи во Бешикташ ќе игра за младинскиот тим и за вториот тим, но е регистриран и за првиот тим за новата сезона.