
Ново тренерско име на радарот на Барса - Симоне Инзаги
Станува збор за Симоне Инзаги кој со голем успех го води Интер и е на прагот на шампионската титула во Серија А. Минатата сезона тој ги однесе „нераѕурите“ до финалето на Лигата на шампионите што беше огромен успех со оглед на тоа што никој не очекуваше такво нешто, а во меѓувреме триумфираше и во Суперкупот на Италија.
За Барселона има два проблема. Првиот е тој што Инзаги има договор со Интер до 2025 година, а вториот, што за него е заинтересиран и Ливерпул кој го гледа како наследник на Клоп.