Нови признанија за најдобрите: Меси и Хамилтон се спортисти на годината!

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси и пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја понесоа наградата Лауреус за најдобри спортисти на годината.

За прв пат во историјата двајца ја освоија наградата, како и за прв пат некој дојде до неа кога е во прашање колективниот спорт.

Меси е првиот фудбалер шту успеал да дојде до наградата која се доделува уште од 1999 година, а Хамилтон е третиот возач во Формула 1 кој го доби таквото признание.

Во 2019 година, Лео Меси беше прогласен за најдобар од страна на ФИФА, како и од Франс Фудбал (Златна топка), додека Хамилтон ја освои шестата шампионска титула во Формула 1.

Минатогодишен победник беше Новак Ѓоковиќ.