Ноер пред дуелот со Ајнтрахт: Не сакаме реприза на загубеното финале

Еден од најдобрите голмани на денешницата и член на Баерн од Минхен, Мануел Ноер, вечерва се очекува да биде меѓу стативите за полуфиналниот дуел од Купот на Германија против Ајнтрахт. 

Во 2018 година, неговиот тим загуби од тимот од Франкфурт со резултат 1-3, а се надева дека истото нема да се повтори вечерва на мечот кој ќе стартува во 20:45 часот.

Сите се сеќаваат на финалето во кое изгубивме. Не сакаме ова да се случи повторно на „Алијанц Арена“. Сакаме да се пласираме во финалето и да добиеме можност повторно да го подигнеме трофејот во Берлин, изјави Ноер.