Њукасл го прави Ерик тен Хаг трет најплатен менаџер во Премиерлигата

Њукасл и натаму е во потрага по нов меаџер по отказот на Стив Брус. Клубот има богати сопственици, сериозен буџет, но не може да договори елитен тренер. 

„Дејли мејл“ објавува дека прв на листата на желби на „црно-белите“ е стратегот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Холанѓанецот работи фантастично во гигантот од Амстердам, но засега не е јасно дали е заинтересиран да го преземе премиерлигашот среде сезона.

Наводно, Њукасл е подготвен да го направи третиот најплатен менаџер во Премиерлигата зад Пеп Гвардиола (18 милиони фунти) и Јирген Клоп (13 милиони фунти). Тен Хаг ќе добие годишен договор вреден 11 милиони фунти.