Никој во Јуве не го сакал Сари, а Роналдо му се „истурил“ в лице!

Искусниот стратег Маурицио Сари вчера доби отказ на клупата на Јувентус , а лошат аигра во текот на целата сезона на крајот му дојде преку глава на раководството, кое на негово место го постави Андреа Пирло.

Речиси никој од фудбалерите не го сакал Сари, а на дел од нив им пречел однесувањето на Италијанецот, како што е пушењето на цигари и несериозноста на тренинзите.

„Газета дело Спорт“ објави дека Кристијано Роналдо јасно му кажал на поранешниот тренер дека не сака да игра на позиција која тој му ја избира, а исто така Португалецот не бил задоволен со неговите идеи за тактика и тоа му го споменал во разговор.