Никој не бил оштетен: Одбиена жалбата на Фрајбург за 12-мината на Баерн!

Легманскиот гигант Баерн Минхен, кој со 4-1 минатиот викенд го распарчи Фрајбург нема да биде казнет поради 12-те фудбалери што пред крајот на мечот играа 17 секунди, пред да биде утврдена грешката.

Фрајбург се жалеше на прекршување на правилото, па на Баерн му се закануваше службен пораз, но спортскиот суд жалбата ја отфрли со образложение дека никој не бил оштетен во случајот, па на Баварците им е регистрирана победа и тие со девет бода предност пред Борусија Дортмунд се многу близу до нова шампионска титула.

Шест кола до крајот на Баерн му требаат уште девет бода за и официјално да ја одбрани круната и да ја продолжи доминацијата во Бундеслигата.