Невидена глупост: Лацио платил отштета од 11 милиони евра на - погрешен клуб!

Лацио направил неверојатна грешка, откако уплатил 11 милиони евра за трансфер на Педро Нето на сметката на Спортинг Лисабон наместо на Брага, а во официјалното објаснување тимот од Рим се правда дека згрешиле поради сличните имиња на тимовите.

Спортинг Клуб де Брага, односно накратко Брага останала најпрво без пари затоа што Лацио не бил внимателен. Тимот од Рим првата рата ја уплатил во јули 2018 година, а потоа втората во март 2019 година, но проблемот е што парите стигнале на сметка на Спортинг Лисабон.

Нето во Рим прво стигна на позајмица со обврска да биде откупен, а Брага објави дека ќе добие 12 милиони евра, односно 7,5 милиони за позајмица и уште 4,5 за трансфер.

„За жал, тоа е грешка на нашиот финансиски сектор. Ги измамило тоа што имињата на клубовите се случи“, кажа генералниот секретар на Лацио, Армандо Калвери.

Секако, во меѓувреме грешката била поправена и Брага си ги добила заслужените пари.