Неверојатно: Левандовски урна рекорд на Роналдињо (ВИДЕО)

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски летово ја засили Барселона, а денеска го имаше свеченото промовирање на „Камп Ноу“, каде што го пречекаа дури 60.000 навивачи.

Левандовски веднаш го урна рекордот на Роналдињо од 2003 година, кога на неговата промоција беа присутни 25.000 фанови, додека Полјакот сега имаше многу повеќе навивачи на трибините.

Полјакот пристигна од Баерн за 45 милиони евра плус пет во бонуси, а за германскиот гигант претходно одигра 253 меча и постигна 238 гола и 72 асистенции.