Несторовски се повредил - ќе го прескокне Ливорно?

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски го повреди мускулот на последниот тренинг за Палермо во пресрет на утрешниот меч со Ливорно (15 часот) во редовното коло во Серија Б.

Несторовски е неизвесен за настап, а лекарскиот тим прави сè за да го оспособи за настап, објавија италијанските медиуми, потенцирајчи дека според првите проценки не станува збор за тешка повреда, но дека тренерот Стелоне може да го поштеди Несторовски за да не ризикува посериозна повреда, ако не е подготвен.

Несторовски во минатиот меч со Падова даде гол и му асистираше на Александар Трајковски во триумфот со 3-1, што беше прв гол по цел месец пост на прилепчанецот. Палермо во моментов е лидер во Серија Б и еден од главните фаворити на крајот на сезоната да се избори за пласман во калчолигашката елита.