Несторовски остана на клупа: Фиорентина едвај излезе на крај против Удинезе (ВИДЕО)

Фиорентина во возбудлив натпревар успеа да го совлада Удинезе со 3-2 во петтото коло од италијанската Серија А и така го запиша вториот триумф сезонава.

Кастровили го отвори резултатот во 11. минута, по што неговиот соиграч Миленковиќ ја погоди мрежата на Удинезе за предност од 2-0. Во самиот финиш на првиот дел Окака намали на 1-2.

Екипата од Фиренца на стартот на вторите 45 минути стрелаше повторно преку Кастровили за 3-1, а Окака со вториот гол намали повторно на еден гол негатива (2-3). Сепак, тимот на Илија Несторовски немаше сила за да освои барем бод.

Несторовски не доби минутажа на денешниот меч и остана на клупата.