Само што ќе почне со Јуве - Роналдо налетува на Реал!

Денеска стигна потрвдата за трансферот на векот - Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус!

Во потрага по нов предизвик и дополнителен мотив, најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид одлучи да го напушти шпансиот гигант и да се пресели во Торино.

Роналдо ќе биде прва ѕвезда во тимот, каде за главна цел ќе има да освои уште едно национално првенство, а и да се обиде со трет различен клуб да ја освои Лигата на шампионите.

А, судбината сакаше тој за многу краток период да му се спротивстави на својот доскорашен противни Реал Мадрид. На 4 август во рамките на „Меѓународниот куп на шампионите“ овие две екипи се среќаат во САД, а дуелот ќе се одигра на „ФедЕкс филд“ во Вашингтон.

Четири европски титули, четири „златни топки“, 451 гол, три „златни копачки“... Долга е листата на трофеи која Кристијано Роналдо ја има освоено и тимски и индивидуално, откако во 2009 година од Манчестер јунајтед дојде за светски рекорден трансфер од 90-на милиони евра.