Нема крај за лошите вести на Челси: Одои ја заврши сезоната!

Кошмарна вечер имаа приврзаниците на Челси. „Сините“ направија голем чекор наназад во борбата за местата кои водат во ЛШ со ремито на домашен терен против Барнли.

Сепак, ова не беше единствената лоша вест за клубот од „Стемфорд бриџ“. Маурицио Сари до крајот на сезоната остана без новата ѕвезда на англискиот фудбал Калум Хадсон Одои.

Новиот англиски репрезентативец го заврши натпреварот пред време, а првичните прогнози не се ветувачки. Одои по се изгледа ја повредил ахиловата тетива.

„Тажен сум поради повредата. Морам напорно да работам и следната сезона да се вратам уште посилен“, напиша на социјалните мрежи младиот фудбалер на Челси.