Нема да се игра ниту фудбал поради коронавирусот: Одложен мечот меѓу Стразбур и ПСЖ!

Мечот од 28. коло на француската Лига 1 меѓу Стразбур и ПСЖ е одложен поради коронавирусот, а таа информација ја потврди раководството на францускиот шампионат.

Французите се плашат поради ширење на коронавирусот, па поради тоа решија да го одложат мечот, а засега не е познато кога ќе биде одиграна средбата.