Нема да чека многу за нов ангажман: Арсен Венгер се сели во Германија!?

Француски „Телефут“ пишува дека тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, летово ќе ја продолжи кариерата во Германија.

Венгер пред неколку дена соопшти дека заминува од тимот на „топчиите“ и предизвика голем број шпекулации. Сега се бара негова замена во Лондон, а во исто време, се шпекулира каде би можел Французинот да ја продолжи кариерата.

Наводно, ПСЖ е заинтересиран за ангажирање на Французинот, но „Телефут“ пишува дека не е исклучена можноста да седне на тренерското место во Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека „милионерите“ се подготвени за преговори со Венгер.

Французинот на клупата на Арсенал седеше 22 години, а со „топчиите“ освои три титули во Премиерлигата, седум ФА купа, а исто толку Комјунити Шилд.