Нејмар пак ги разбесни навивачите на ПСЖ со објава на Твитер (ФОТО)

Бразилската суперѕвезда на француски Пари Сен Жермен, Нејмар повторно ги разбесни навивачите на „светците“, со кои е во ужасно лош однос уште од летово, откако посака да си замине од „Паркот на принцовите“, а Бразилецот повторно ги збесна со една објава како одговор на низата критики.

Нејмар паузата поради репрезентациите ја искористи да скокне до Шпанија, па прво се дружеше со бившите соиграчи од Барселона, каде и сака да се врати, а потоа замина во Мадрид за да гледа Дејвис-куп и таму уживаше со Жерар Пике. Ваквите постапки наидоа на бурни критики и жестоки реакции од француската јавност, како и навивачите на ПСЖ, а тренерот Томас Тухел порача дека ништо повеќе не може да направи зашто „ниту му е татко, а ниту е полицаец“.

И за да им одговори на сите, Нејмар објави урнебесен твит со стихови од песната „Не се грижи, биди среќен“ (Don't worry, be happy).