Нејмар: Јас сум човек кој сака нови предизвици! (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар во 2017 година стана најскапиот фудбалер на светот. Францускиот старо-нов шампион за неговите услуги на Барселона и исплати 222 милиони евра и така ги сруши сите можни рекорди, кога станува збор за трансферите.

Тој константно се поврзува со заминување од „Паркот на принцовите“, а Реал Мадрид веќе долго време бара начин да го ангажира. Сега Нејмар, додатно ги подгреа шпекулациите во рекламата за модниот бренд Дизел.

„Јас сум човек кој сака нови предизвици“, кажа Нејмар.

Овие негови зборови во овој момент значат многу, посебно ако се знае дека тој во последно време не е во добри односи со втората ѕвезда на „светците“, Килијан Мбапе.