Нејмар го руши трансфер-рекордот: Бразилецот заминува од Париз?

Нејмар го урна трансфер-рекордот, откако се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра, но сега се споменува дека би можело да се случи нешто слично.

„Дон Балон“ пишува дека Манчестер јунајтед подготвил богата понуда за Бразилецот, а таа изнесува неверојатни 300 милиони евра.

Јунајтед, наводно, е подготвен да плати толку пари за него, доколку во клубот пристигне Бин Салман, кој сака да го купи англискиот гигант.

Нејмар досега за ПСЖ одигра 53 натпревари и постигна 48 голови, додека во дресот на Барселона имаше 105 голови на 186 настапи.

Ѕвездата на парижаните е надвор од терените поради повреда во моментов. А тоа му направи проблеми и не заигра против Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампиони.