Не се доволни ниту добрите резултати: Марселино поради кавга ја напушта Валенсија!

Раководството на Валенсија има намера наскоро да му врачи отказ на својот тренер Марселино, пренесуваат шпанските медиуми.

Иако Валенсија во изминатите две сезони настапуваше многу добро под водство на Марселино, причината за ова лежи во конфликтот што овој стручњак  го има со претседателот Питер Лим.

Шпанците, меѓу другото, велат дека Лим често пати се мешал во спортските работи и дека тоа довело до конфликти, а  на излезна врата исто така е и спортскиот директор Матеу Алемани. Токму Алемани го донесе Марселино во Валенсија пред повеќе од две години.

Инаку, Марселино ја врати Валенсија во самиот врв на шпанскиот фудбал. Претходните две сезони клубот заврши меѓу најдобрите четири екипи, а покрај тоа го освои и националниот куп.

Во текот на својата тренерска кариера, тој, меѓу другото, ги водеше Виљареал, Севилја, Расинг Сантандер, Сарагоса, Спортинг Хихон...