Навивачите на Фиорентина бараат од милениците: Пуштете му на Наполи!

Откако Наполи стигна на бод негатива во однос на актуелниот првак Јувентус со големата победа со 1-0 во Торино синоќа, шансите на наполитанците за „скудетото“ и тоа како се зголемија сооглед дека овој тим има далеку полесен распоред до крајот на сезоната во Серија А.

 

До крајот на сезоната има уште четири кола, од кои за „старата дама“ се две дербија со Интер и со Рома, додека Наполи има далеку полесен распоред, а многу ќе се знае веќе викендов кога на програмата е пресметката „Дерби на Италија“ помеѓу Јуве и Интер, додека Наполи ѝ гостува на Фиорентина.

Но, сооглед дека Јувентус е најомразен клуб на Апенините, најмногу и поради својата доминација, но и многубројната судиска помош низ годините и децениите, во Фиренца веќе започна кампања – фудбалерите на „виолетовите“ да му пуштат на Наполи.

Дел од навивачите на Фиорентина веќе и порачале на управата да му пушти на Наполи за овој тим да го освои „скудетото“ и да остане во трката со Јувентус за шампионскиот трофеј. Најголемиот дел од навивачите на тимот од „Артемио Франки“ не го сакаат Јувентус, но има и добар дел кои сметаат дека спортски никој на никого не треба на му пушта, особено не на Наполи, чии навивачи тешко повредија приврзаници на „виолетовите“ во Рим на финалето во Купот во 2014 година/

Фиорентина води борба за излез во Европа.