Навивач на Интер со камен по автомобилот на Ванда Икарди

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда вчера имала голема непријатност кога поминувала со автомобил во близината на стадионот „Џузепе Меаца“. 

Непознат сторител, се претпоставува лут навивач на Интер, фрлил со камен додека таа била во автомобилот заедно со своите деца. За среќа бил избегнат поголем инцидент, бидејќи вакво нешто може да предизвика сериозна сообраќајна несреќа.

Италијанските медуми пишуваат дека Ванда Икарди била сериозно потресена од инцидентот и дека полицијата ќе изврши истрага да биде пронајден сторителот

Гневните навивачи на „нераѕурите“ ја обвинуваат Ванда за проблемите на Мауро во тимот. Највеќе поради преговорите околу новиот договор, поради што на фудбалерот во средата и официјално му беше одземена капитенската лента.