Наполи продолжува да го лови Јувентус: Лацио падна на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Наполи славеше со 2-1 против Лацио во дербито на 20.коло во Серија А.

„Наполитанците“ продолжија да прават притисок врз лидерот Јувентус иако разликата изнесува шест бодови. Хозе Калјехон вечерва го постигна првиот сезонски гол во 34-тата минута, а вкупно шести против Лацио откако е во италијанскиот шампионат. Аркадиуш Милик зголеми на 2-0 во 37-та минута.

Лацио се врати во игра за позитивен резултат во 65-тата минута преку Чиро Имобиле. По исклучувањето на Франческо Ачерби во 70-тата минута, гостите не можеа да дојдат до поповолен резултат.