Наполи пак остана со празни раце - загуби и од Јувентус (ВИДЕО)

Актуелниот италијански шампион Наполи загуби на гостувањето во Торино кај Јувентус со 0-1 и така продолжи со лошите резултати во Серија А.

Првото полувреме не го одбележаа многу шанси на двете страни, иако најголемата ја имаше Џовани Ди Лоренцо, но неговиот удар го одбрани Војчех Шчесни.

Поактивен фудбал се играше во вторите 45 минути, каде што Федерико Гати искористи центар-шут на Камбиасо и погоди за водство од 1-0.

Наполи реагираше со неколку измени, а во игра влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, меѓутоа гигантот од Неапол не успеа да се спаси од пораз.

Јувентус скокна до првото место во Серија А и има 36 бодови, додека Наполи останува на петтата позиција со 24 бода.