Наполи му зема пола месечна плата на Елмас
Капитенот Лоренцо Инсиње, кој наводно го водел бунтот, најмногу си доби по својот џеб, зашто ќе мора да плати дури 350.000 евра.
Елмас ќе мора да даде половина месечна плата за казна, откако дозна дека ќе треба да плати 57.000 евра. Да потсетиме, македонскиот фудбалер зема годишно околу 1,3 милиони евра, односно речиси 110.000 евра месечно.
Инаку, веднаш по Инсиње, најголема казна доби Алан, кој мора да плати 250.000 евра, а Гаетано ќе треба да плати само 7.000 евра.