Наполи ја затвори сезоната со победа, Елмас и официјално е шампион на Италија! (ВИДЕО)

Наполи стави триумфален крај на најубедливата сезона во својата модерна историја, можеби и воопшто во настапите во Серија А, потврдувајќи јa третата клупска титула.

Формалната победа од резултатски аспект, но многу важна за да продолжи да гори атмосферата на „Диего Армандо Марадона“ беше изразена со 2-0 против веќе испаднатата Сампдорија.

По мирното прво полувреме, Осимен од пенал го отвори резултато во 65. минута, а Симеоне во 84-тата го удвои со прекрасен удар од далечина. Елиф Елмас беше стартер, но беше заменет во 68. минута. Наполи заврши на првото место на табелата во Италија, со 90 бода, 16 повеќе од Лацио.