Наместо со овации, тишина и мали аплаузи: Адуриз замина во пензија (ВИДЕО)

Иконата на баскискиот фудбал Аритз Адуриз ја заврши кариерата, но не го дочека баскиското финале во Купот како шлаг на неверојатната кариера, само поради пандемијата со коронавирус.

Требаше Адуриз да се прости од Атлетик Билбао со овации, пред полни трибини, ама такво нешто не дочека. Замина во пензија, тивно и со мал аплауз на својот „Сан Мамеш“, ос шпалирот на луѓето од стадионот кои му направија чест.

„Ѝ благодарам на мајка ми, сопругата, ќерките, сестрите, бабите – на целото семејство. Секогаш беа со мене и необично ми е нешто да кажам на ваков празен 'Сан Мамеш', во ваква тишина. Не ни замислував дека мојата кариера ќе биде вака величенствена. За мене ова заминување во пензија не е тажен ден, туку среќен“, рече Адуриз.

За Атлетик Билбао има преку 400 меча и 172 гола, а играше и за Валјадолид, Мајорка, Валенсија, а 13 пати беше член на шпанската репрезентација.